Нашиот сајт кориси cookies - тие ни помагаат да ви овозможиме поголем задоволство со играта.
Користејќи ја нашата веб страна истовремено го прифаќате користењето на cookies.

Вести

4-3-2024 Едиторијал: Промени при создавањето на тимовиоте - и место за матичните играчи

Овој месец, работевме на значителни промени на тоа како новите тимови се генерираар. Хеттрик нема повеќе да ги користи наново постоечките тимови, со што ќе се поедностави процесот на приклучување на нови корсиници, како и процесот на „ботификација“ на тимовите.

Дополнително, сет од помали подобрувања беа направени на сајтот, а сакаме да го истакнеме и создавањето на нова интернационална лига која ќе биде отворена од следната сезона: Хеттрик лигата на матични играчи (The Hattrick Homegrown League).
Прочитајте го овој едиторијал

3-31-2024 Deportivo Mato Grande ја зграпчи Мастерс титулата!

Во извонреден натпревар во четвртокот, Deportivo Mato Grande се судри со Barack Osama во Hattrick Masters финалето. Во овој натпревар со висок интензитет за прв пат екипи од Зелен ’Рт и Перу настапија во финалето.

Натпреварот започна со вистинска ерупција после ранопостигнатиот гол во 4тата минута, со кој Deportivo дојдоа до водство. Но перуанскиот тим се бореше непоштедно и дојде до изедначување во 28мата минута. На полувреме се отиде со резултат 1 - 1, со што беше поставена сцената за уште повозбудливо второ полувреме.

Тензијата на натпреварот растеше, и во 52рата минута, Gaspar Olival ги зеде работите во свои раце и постигна решавачки гол. На крајот, Deportivo излегоа победници триумфирајќи со резултат 2 - 1 и го освоија Hattrick Masters трофејот.

Им честитаме на Deportivo Mato Grande и нивнот менаџер Praqol!

3-27-2024 Летно сметање на времето

Во недела наутро по централно европско време стрелките на часовникот ќе се сменат на летно сметање на времето. Ова значи дека часот помеѓу 2 и 3 наутро нема да се случи. Секако сите натпревари, трансфери и сите останати настани ќе се одвиваат нормално но само еден час подоцна. Ве молиме внимавајте на трансферите и крајните рокови.

3-5-2024 Едиторијал: Реакции на форум, препорачани позиции и младинци

Месечното ажурирање не донесе револуционерни промени, но направени се многу корисни ажурирања за корисниците на форумот, младинските лиги и Супортерите. Воведени се нови динамични категории на играчи кои можат да им помогнат на менаџерите, особено на новајлиите, да ги организираат своите тимови како и при пребарувањето на трансфер маркетот.
Прочитајте го овој едиторијал

2-26-2024 Жреб за Хетрик Мастер

Хеттрик Мастерс
започнува во понеделник следната недела.Жребот за овогодинешното издание ќе се одржи денес во 15 часот.
 
Server 070